Животот на Балашевиќ го одбележа ТРАГЕДИЈА за која никогаш не зборувал!

Ѓорѓе Балашевиќ е роден во куќата на улица „Јован Цвијиќ“ во Нови Сад, која ја споменува во песната „Неки нови клинци“. Во оваа куќа живеел се до смртта со својата сопруга Оливера.

За Ѓорѓе секогаш зборувале дека е чудо од тете. На пет години, од старата сестра Јасна со која бил многу поврзан научил да чита, а во основно училиште започнал да пишува песни.

Еден од најтажните моменти во неговиот живот е смртта на неговата сестра за што во јавноста никогаш не сакал да зборува.

Мајка му Вероника Елвира Матилда Доленц и татко му Јован Балашевиќ се противеле со неговата желба да биде музичар, и сакале да се бави со географија, за што и учел.

Не присуствувале на ниту еден негов концерт, за кои секогаш им чувал две празни места во публиката.

Во 1977 година Ѓорѓе со другарите од средно ја основал групата – „Žetva“, со која ја снимил песната „U razdeljak te ljubim“.

Иако не ја сакал, по нејзината презентација му се отвориле многу врати. Песната е продадена во 180.000 копии што бил прв негов успех.

Една година подоцна со Верица Тодоровиќ ја основал групата „Rani mraz“, кое име било поради инает кон една сибирска изрека: „Ako se nadaš dobroj žetvi, čuvaj se ranog mraza“. Од тој момент неговата кариера тргнала во нагорна линија, а се останато е историја.

Војните власите во 1992. година сакале да го пратат на фронт поради што не го одржал традиционалниот концерт во Сава Центар. Бидејќи гледале на него како човек кој одбил да оди во војна, неговите песни се забранети за емитување на државното радио и телевизии. Песната „Слобода не“ е објавена во албумот „Нас не слушаат сите, ние не слушаме никого“.

Како што сам рекол, Ѓорѓе верува дека неговиот живот добил на смисол дури откако ја запознал Оливера. Таа во Нови Сад пристигнала од Зрењанин, со стипендија која ја добила како докажан спортист, олимписки кандидат и репрезентативка во гимнастика. Била многу сирошашна и живеела со мајка и во тешки услови. За разлика од неа, Ѓорѓе живеел во далеку подобри услови.

Кога се запознале веднаш се скарале околу животни принципи, а Оливера го освоила кога му кажала да и ги чува штипките за коса, затоа што така ќе влезе да се бања.

Еден од најтажните периоди во животот на Балашевиќ е кога се родила неговата ќерка Јована. Ѓорѓе прв пат успеал да ја види дури еден месец по нејзиното раѓање, затоа што бил во војска и не смеел да ја премине границата, а Оливера поради епидемија која била присутна во Нови Сад, ја родила нивната ќерка во Будимпешта.

Имал голема трема кога чекал да се родат Јелена и Алекс, но своите деца ги смета за најубавите нешто што му се случиле во животот. За големите празници, летните и зимни одмори никогаш не настапувал, затоа што сакал да помине време со нив.