Балканот се збогува со Балашевиќ.

После тажната вест за смртта на познатиот пејач и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ, социјалните мрежи се преплавија со објави во негова чест.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-01.jpg

Некои од најголемите ѕвезди на просторот на поранешна Југославија го искажаа своето сочувство, откако српските медиуми пренесоа дека денес, 19-ти февруари, почина една од најголемите ѕвезди на Балканот – Ѓорѓе Балашевиќ. После три дена во болница, пејачот, кој бил и позитивен на корона вирусот, ја изгубил битката со воспалението на белите дробови.

Сега, неговите колеги, некои од најголемите ѕвезди на Балканот, го искажуваат нивното сочувство:

„Животот е море по кое сите го бродиме својот век. Збогум панонски морнару, нека ти е вечна славата и фала“, напиша Жељко Самарџиќ.

„Почивај во мир ‘панонски морнару’. Сочувство до семејството“, стои во објавата на Тони Цетински.

„Спиј мирно, голем поету… голема загуба… голема дупка… единствено ти успеваше од рамнина да направиш планина, генијалец како тебе нема да се роди повторно… никогаш! Слава ти“, пишува Тијана Дапчевиќ.

Јелисавета Орашанин Теодосиќ сподели стих од познатата Svirajte mi, jesen stize dunjo moja: „Sklon’te čaše i bokale, razbio bih svet od šale, da je samo slučajno od stakla“.

Збогум, голем Ѓорѓе“, пишува во описот на емотивното видео на Дино Мерлин, во кое со насолзени очи ја пее Ne Volim Januar.

Тажен ден за уметноста, за сите кои го сакаа и на кои им ги остави стиховите за навек. Големиот Ѓорѓе Балашевиќ, симбол на слободата и љубовта. Сочувство до семејството и пријателите“, пишува во објавата на Марија Шерифовиќ

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-04.jpg

„Не се познававме… Но за сè што направи, како и за сè што долго, долго никој нема да направи… Капата доле!“, напиша Жељко Јоксимовиќ.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj02.jpg

„Само ќе замолчам. Нека ти е лесна црната земја“, пишува во објавата на Халид Бешлиќ.

dzvezdite-od-balkanot-se-zboruvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj03.jpg

„Ова е крај на една ера. Пораснавме со тебе и твоите песни и концерти. За еден живот ни остави повеќе отколку што некој би оставил за сто животи. Вечерва Нови Сад е најтажниот град. Почивај во мир драг Ѓорѓе“, пишува на објавата на Фејсбук профилот на бендот The Frajle.

dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-05.jpg
dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj06.jpg
dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-08.jpg
dino-merlin-pee-so-nasolzeni-ochi-dzvezdite-od-balkanot-se-zboguvaat-so-nezamenliviot-gjorgje-balashevikj-09.jpg