Борисов денес се јави во полиција на сослушување

Бојко Борисов беше повикан на сослушување во Националната зграда на полицијата во Софија. Ова предизвика бура реакции во јавноста во Бугарија.

Тој изјави дека бил повикан на информативен разговор за три сигнала до полицијата кои датираат од 2009 до 2012 година.

„Централната изборна комисија ме понижи со нејзината желба да ме остави пратеник. Како таков не можев да бидам повикан тука, па среде ноќ се предомислија. Сите сигнали се однесуваа на тоа дека некој нешто слушнал додека правел крос, дека сум кажал некаква закана дека некого ќе изедам.
Всушност, сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал, изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.“
– изјави Борисов за медиумите.

Неговиот адвокат истакна дека „станувало збор за исмислици од пред 13 години”.

Пред зградaта на полицијата тој беше пресретнат од свои симпатизери кои скандираа во негова поддршка.

blank
blank
blank