(Видео) Како сограѓаните на Балашевиќ во Нови Сад се простија од него: „Словенска“ во еден глас

Смртта на балканската ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ е топ тема во медиумите во државите на поранешна Југославија. Хрватите, Босанците, Србите посветија емисии на неговиот живот и дело. Неговото физичко заминување, многумина го споредуваат со симболичниот крај на Југославија иако таа одамна не постои. Смртта на балканската ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ е топ тема во медиумите во државите на поранешна Југославија. Хрватите, Босанците, Србите посветија емисии на неговиот живот и дело.

Неговото физичко заминување, многумина го споредуваат со симболичниот крај на Југославија иако таа одамна не постои. Социјалните мрежи исто така се преплавени од стихови, песни, изразување на спомени врзани за концертите на кои неговите обожуватели му присуствувале.

Но она што најмногу се споделуваше е како сограѓаните на неговиот роден град Нови Сад се простија од него.
Плоштадот беше преполн со луѓе кои песните ги пееја во еден глас и палеа свеќи.