Eвакуирани дури 20 села, битката со пожарите во Грција се шири и на Пелопонез

Бидејќи пожарот на грчкиот остров Евија беше ставен под контрола, главната битка со огнената стихија се пресели на полуостровот Пелопонез, каде што беа евакуирани дваесет села.

За помалку од две недели, повеќе од 100.000 хектари шума во Грција беа уништени во најголемите пожари од 1937 година.

Пожарникарите на Пелопонез досега успеваат да го спречат пожарот кој се заканува на непристапната област покриена со борови шуми.

Во неколку случаи, пожарникарите дејствуваа во делови на Гортинија, додека во соседната област на планината Мајнало, градежните машини создадоа бариери за да спречат навлегување на огнот.

И локалното население се бори со пожарот заедно со пожарникарите со цел да ги заштитат куќите.

Во гаснењето на пожарот се вклучени хеликоптери и авиони.

На островот Евија, каде што пожарите беа најлоши, локалните жители се прашуваат од што ќе живеат бидејќи пожарот, покрај боровата шума, го проголта и добитокот.

blank
blank
blank