Земјотрес на Косово, дрмаше и во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер, забележан е попладнево во Косово, а бил почувствуван и во Македонија.

Земјотресот се случи во 16.46 часот, со епицентар кај Гњилане, пренесе „Коха диторе“.

Според податоците кои ги објави Евро-медитераснкиот центар за сеизмологија, потресот се почувствува и во Македонија, пренесе „Косово онлајн“.