Пожарот кај Атина голта сѐ поголема површина

Грчки и полски пожарникари од понеделникот се борат против неконтролираниот шумски пожар западно од Атина.

Вчера ветрот го промени правецот, а огнените јазици голтаа сѐ поголема површина во насока на населените места. Оосбено е загрозено местото Вилија, чии жители се евакуирани. Евакуација е наложена и за жителите на околните места.

Портпарол на надлежните власти соопшти дека во близина на Вилија, западно од Атина, нема патишта или патеки низ шумата преку кои противпожарните служби би успеале да стигнат со возила до пожарот во повисокиот дел од шумата. Поради тоа, пожарот кој преку ден бил изгаснат со хеликоптери, повторно се разгорува (на оваа #ФотографијаНаДенот – хеликоптер над разгорениот пожар во регионот на Вилија).

Грција овој месец е погодена од стотици шумски пожари. Земјата побара меѓународна помош за да се справи со нив. Причините за пожарите официјално не се разјаснети, иако поради сомневање за предизвикување пожар се уапсени повеќе лица.

blank
blank
blank