Границите на Грција затворени до 8 март: Нема влез за државјани на трети земји

Грчката влада ја продолжи одлуката за забрана на влез во земјата за уште 14 дена, односно до 8. март. Како што јавува дописничката на МИА од Атина, станува збор за мерките што веќе 11 месеци се продолжуваат.

Новата одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ со цел да се ограничи ширењето на коровирусот синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, а од утре во 6 часот наутро стапува во сила.