Вучиќ го заврши првиот семестар и го сподели индексот со јавноста

Претседателот жали што не добил десетка на последниот испит, но условот за највисоката оценка било присуството, за кое тој немал време.

Српскиот претседател Александар Вучиќ преку „Инстаграм“ сподели дека го завршил првиот семестар на Високата спортска школа и дека ги положил четирите испити.

Вучиќ објави фотографија од својот индекс на социјалните мрежи.

– Како што гледате, добив три десетки и една деветка и жал ми е што не можев да се борам и за четврта десетка, зошто условот за добивање на највисоката оценка е присуствување на практичните вежби, за кои, сепак, немав време, пишува тој и додава дека не му е жал поради тоа, затоа што тоа време го искористил за да ѝ помогне на Владата што побрзо да набават вакцини за граѓаните на Србија – вели Вучиќ.

Во јули минатата година, претседателот на Србија се пофали дека се запишал во Високото спортско училиште и дека по втор пат бил студент.