ШТО ПОТПИШАА ЗАЕВ И КУРТИ: Преку скијачки проект ќе се поврзат Шапка и Брезовица

Првата заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и на Република Косово е уште една потврда на одличните пријателски односи и за споделувањето на заедничката определба за Западен Балкан како регион на траен мир целосно интегриран во ЕУ и НАТО, истакна премиерот Заев.
Како што соопшти тој на птвата заедничка седница во прв план се ставени договорите и меморандумите за инфраструктурно поврзување на двете земји со цел да се олесни и унапреди економската соработка и комуникација.„Ова се само дел од вкупно 11 договори, меморандуми и програми за соработка што денеска ги потпишавме и опфаќаат и соработка на меѓугранични проекти со поддршка на ИПА програмите на ЕУ.За Северна Македонија, Косово е еден од најзначајните трговски партнери. Трговската размена меѓу нашите земји се одвива слободно без царини. Вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и Косово во 2020 година изнесувала 305,7 милиони долари.

blank

Овие бројки ја ставаат Северна Македонија меѓу првите 5 држави со кои Косово остварува највисока трговска размена“, кажа Заев.Меѓу позначајните договори се истакнува заедничкиот скијачки проект, поврзување на Брезовица и Попова Шапка.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank