Шешељ со погрдни зборови за починатиот Балашевиќ

Тој рече дека е разочаран затоа што медиумите го славеле кантавторот, затоа што според него бил „предавник на српскиот народ “.

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, вечерва изјави дека е рамнодушен кон смртта на Ѓорѓе Балашевиќ и дека е разочаран затоа што медиумите го славеле кантавторот, кој, како што рече, бил „предавник на српскиот народ “

– Сè што имав да кажам за Балашевиќ, го кажав додека тој беше жив. Сега, кога тој почина, немам што да додадам или одземам. Јас сум огорчен што со некои пагански ритуали се сквернават споменици во центарот на Белград и Нови Сад. Тоа можеа да го сторат на гробиштата, пред куќата на Балашевиќ, некаде на друго место – рече Шешељ во гостувањето на „Хит твит“.