Награда од 20.000 евра за информации за извршителот на убиството на Косово

Полицијата и правосудните органи се уште трагаат по маскираното лице кое со калашников уби двајца средношколци и возач на автобус кај селото Глоѓане кај Дечани, на Косово. Владата во Приштина нуди 20.000 евра за информации за извршителот на убиството. Убиените средношколци погребани во Глоѓан.

Во нападот на локалниот автобус во петокот вечерта, напаѓачот испукал цел шаржер од 30 куршуми. Загинаа двајца средношколци и возач на автобус. Еден ранет средношколец е опериран и не е во животна опасност, јавува РТС.

Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

Јас како премиер, заедно со МВР и Полицијата на Косово, апелираме кај граѓаните кои може да имаат некакви сознанија за случајот да ѝ помогнат на полицијата со информации за откривањето на авторот/авторите на овој чин и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секоја граѓанин кој може да даде информација што ќе води кон расветлуваање или решавање на овој случај,

стои во соопштението од кабинетот на косовкиот премиер Албин Курти.

Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени во петокот вечерта во вооружен напад кај селото Глоѓан, во близина на Дечане.

Официјални извори од косовската полиција, изјавија за медиумите дека, според првичните информации, засега непознато лице отворило оган од автоматско оружје врз автобусот, при што на лице место загинал возачот, а двете деца починале во болницата во Пеќ, каде што биле пренесени. Уште едно лице е рането и, откако му е пружена лекарска помош, се наоѓа надвор од животна опасност.