Во Тирана убиен нарко бос, познати се и деталите

Денеска во центарот на Тирана е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека е познат нарко бос. Тој бил застрелан со пригушувач на звук, а според АБЦ Албанија, тоа е Бехар Суло Софија кој бил добро познат на полицијата по своите криминални активности.

Бил уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, а учествувал во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.

Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење. Истрагата е во тек, а полицијата ги проверува камерите за надзор.