Чиро Блажевиќ: Требаше јас да умрам, а не Крањчар

Денеска во Загреб на 64-годишна возраст почина легендата на хрватскиот фудбал, Златко Крањчар. Чиро Блажевиќ кој минатиот месец наполни 86 години вели дека е шокиран од смртта на Златко Цицо Крањчар и требало тој да умре, а не неговиот пријател. „Шокиран сум, не можам да станам од кревет. Не знам што би ви кажал. Пред некој ден се слушнав со неговиот доктор, знаев дека не е добар, но не мислев дека е до толку лошо. Сите чекаа јас да заминам, а отиде Цицо, мене ми е време да умрам, а не нему. Навистина сум многу тажен, не знам што друго да кажам“, изјавии Чиро Блажевиќ. Блажевиќ му беше тренер на Крањчар во Динамо Загреб во периодот од 1980 до 1983.