Како Беливук ја избегнувал полицијата: Возел исто „ауди“ како директорот на полицијата, со идентични таблички

Вељко Беливук (36) успевал да избегне полициските радари и патроли така што набавил два автомобили „ауди“, ист модел и боја како тие на директорот на полицијата, Владимир Ребиќ. Веља Невоља дури ги направил и регистарските таблички идентични со оние доделени на директорот на полицијата.

 Тој ги ставил регистарските таблички на возилата, така што никој не го запирал мислејќи дека станува збор за службен автомобил. Табличките што им се доделени на полициските службеници кои се на повисоки позиции се бришат од системот, а доколку возилото поминувало покрај патрола не би го запреле, бидејќи врз основа на регистарските таблички се гледа дека во автомобилот е некој на висока позиција во полицијата. Беливук тоа го знаел па разработил план како непречено да извршува злосторства и да посетува локации без никој да се сомнева дека е таму, вели извор на „Блиц“ кој е запознат со истрагата.

Двата автомобили беа запленети во полициска акција при апсењето на Беливук и членовите на неговата група. Покрај нив, како што дознаваме, биле одземени и десетици други возила кои биле испратени на вештачење.