Катимерини – Нема потешко повредени во земјотресот во Грција

Нема посериозно повредени лица по силниот земјотрес што пред околу половина час го погоди грчкиот град Лариса, пренесува „Катимерини“. Како што пишува весникот, епицентарот на потресот бил на околу 25 километри од Лариса, а неговата јачина изнесувала 5,9 степени по Рихтер.

Претходно беше објавено дека силината на потресот била 6,9 степени по Рихтер.