Серија земјотреси во Грција со интензитет од 3-4 степени почувствувани и во Македонија

Серијата земјотреси чии епицентри беа во Грција денеска се почувствувани во земјава со интензитет од три до четири степени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 03.3.2021 година регистрира серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.