(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава

Во 11:16 часот Грција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а по главниот земјотрес следуваше друга јачина од 4,6 степени по Рихтер.

Епицентарот бил на 23 километри од Лариса, на длабочина од 10 километри. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека земјотресот бил почувствуван во Атина и во други делови на западна Грција и дека јачината била 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Локалните медиуми наведуваат дека граѓаните излегле на улиците во деловите погодени од земјотресот, според „Катимерини“.

Официјален претставник на противпожарната служба во Атина изјави дека засега нема извештаи за можна материјална штета или повредени, пренесува Танјуг.

Земјотресот се почувствува низ цела Грција, дури и во Атина. Изворот вели дека потресите се почуствувале и во делови од Приштина, Црна Гора и Македонија.

Афтершокови има речиси на секој 10 минути.

Слични вести

Спорт