Ден на жалост во Загреб: Погребан Милан Бандиќ

Починатиот градионачалник на хрватската престолнина, Милан Бандиќ е погребан на гробиштата Мирогој во Загреб. На неговото испраќање во вечното почивалиште присуствуваа повеќе илјади граѓани, иако максималниот дозволен број на лица на погреб, според важечките епидемиолошки мерки е 25, јави индекс.хр.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Бандиќ е испратен со неговите три омилени песни „Очи во очи“, „На омишката карпа“ и „Под плетенките“ во изведна на клапа на Хрватската воена морнарица.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Асистентката на Бандиќ, Јелана Павчиќ Вукичевиќ рече дека „бил единствен и неповторлив, дека живеел за својот град, дека изгорел на неговите улици и дека оставил неизбришлива трага во сегашноста и иднината на Загреб“.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

На погребот присуствуваа и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, првиот човек на хрватското Собрание, Горан Јандроковиќ, министри во владата, градоначалниците на Белград, на Сараево, на Љубљана, Сплит, Скопје и други градови на просторот на поранешната Југославија.

Поради смртта на Милан Бандиќ, денеска во Загреб е прогласена ден на жалост.

Бандиќ неочекувано почина на 66-годишна возраст во ноќта меѓу сабота и недела. На челот на Град Загреб беше во шест мандати.