И Црна Гора ја тресе афера „Мајбах“ – набавени две луксузни возила, она за Мило платено 647.000 евра

Црногорската Агенција за национална безбедност кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година купила автомобили вредни речиси 1,2 милиони евра, од кои само едното возило – мерцедес Мајбах е платено повеќе од 647 илјади евра, дознава Вијести од увидот во фактурите до кои дошол, според Законот за пристап до информации Истражувачкиот центар на Мрежата за афирмација на невладиониот сектор (МАНС).

Премиерот Здравко Кривокапиќ неодамна најави дека двата мајбаха во државна сопственост ќе бидат продадени, и дека парите ќе бидат вратени во државниот буџет. Еден мајбах користи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, а другиот, додека бил премиер го користел Душко Марковиќ кој сега е пратеник на ДПС.

За еден од двата мајбаха, според документацијата до која дојде МАНС, профактурата за АНБ е изадена е кон крајот на ноември 2017.

Се работи за возило произведено во 2017 година, од речиси 6.000 кубици и 620 коњски сили, со четири врати и четири седишта.

Во профактирата се прецизира и бојата – обсидијан црна металик, а цената без ДДВ е 543.968,07 евра. Вкупната цена на возилото со пресметан ДДВ е 647.322 евра.

Во профактирата е назначено и дека уплатата се извршува на две рати и тоа половина од вкупната цена во рок од седум дена од потпишувањето на договорот, а втората во рок од 60 дена од испораката и потврдата за исправност на опремата.

Агенцијата за Државниот трезор при Министерството за финансии на 18 јануари 2018 година и доставила барање за исплата на вкупната цена – 647.322 евра.

Податоците за купувањето на два мајбаха биле означени со степен на тајност интерно, па досега не се познати деталите за трговијата.

АНБ, меѓутоа, одби на МАНС да му достави документација која се однесува на втората исплата од државниот трезор од крајот на 2017 година, а која исто така се однесува на плаќање „средства за транспорт“.

Се работи за барање за исплата на 514.408 евра од декември 2017 година.

МАНС побара копии од барањата за плаќање и фактурите врз основа на кои од трезорот е побарана оваа исплата.

„Во понатамошниот тек на постапката, АНБ утврди дека не ги поседува бараните документи и дека предметните податоци се содржани во документацијата што произлегува од примената на член 48 од Законот за АНБ … 10-12231 / 2 од 8 декември 2015 година. Со оглед на тоа што беше побаран пристап до документи обележани како класифицирани и дека членот 1, став 2, точка 2 од Законот за слободен пристап до информации пропишува дека одредбите од наведениот закон, меѓу другото, не се применуваат на информации за кои има обврска да ги чуваат во тајност, во согласност со законот што ја регулира областа на класифицирани информации, согласно член 116 од Законот за управна постапка, се одбива слободниот пристап до бараната информација “, се вели во решението доставено до МАНС, потпишано од вршителот на должноста директор АНБ Дејан Вукшиќ.