Нов земјотрес во Хрватска се тресеше и Нова Градишка

Сеизмолошката служба известува дека земјотресо се случи околу 13.10 часот и е со јачина од 3,7 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 21 километар западно од Сисак.

Нов  умерено силен земјотрес ја потресе централна Хрватска, а потресот се почувствувал сè до Велика Горица и Загреб, но и во соседна БиХ.

Сеизмолошката служба известува дека земјотресо се случи околу 13.10 часот и е со јачина од 3,7 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 21 километар западно од Сисак.

Очевидци велат дека земјотресот бил силен.

„ Добро ја потресе зградата“, наиша жител на Велика Горица на апликацијата ЕМСЦ, а жител на  Загреб тврди дека потресот силно се почуствувал на 15-ти кат од зградата.

Неколку минути по овој земјотрес, уште два ја погодија истата област.

Едниот  со магнитуда 2,3, а другата малку послаб,  од 1,5 степени по Рихтер.