СПЦ го избра новиот патријарх – владиката Порфириј

За нов патријарх на Српската православна црква (СПЦ) е избран митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј.

Редовниот Собор на СПЦ оваа година се одржа неколку месеци порано поради изборот на новиот патријарх, односно поради упокојувањето на патријархот Иринеј.

Новиот патријарх Порфириј е 46. српски патријарх, а во потесниот избор влегоа и владиката Иринеј бачки и владиката Јефрем.

Инаку, владиката Порфириј има 59 години и е прилично влијателна личност во СПЦ. Беше игумен на манастирот Свети Архангел во Ковиљ. Посебно се ангажираше за лекување на зависници. Во 2005 година ја формираше заедницата „Земја на живите“, каде што се лекуваат зависниците.

Изборот на новиот патријарх започна утрово.

Слични вести

Спорт