Спасовски: Во време на криза спасивме 100.000 работни места

Од програмата на СДСМ живот за Македонија речиси сите планови се реализирани, рече на потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево..

-Многу често ги споменуваме приоритетите од 2016, но треба да ни биде јасно, нашата држава не е истата, напредна е слободна со добар економски развој и има перспектива и иднина. Тогааш излегувавме од состојба на режим, од Груевски, Мијалков, се се вртеше околу слободата и демократијата, се боревме за тоа за да можеме денеска да разговараме слободно. И навистина ни е пркос што по 11 години  ја гледаме нашата земја дека граѓаните се слободни, может да ја критикуваат власта и да каже што се допаѓа и не допаѓа, рече Спасовски.

Тој потсети дека во 2016 се барале реформи во правосудството, земјоделието, платите, земјоделците и ако погледнеме сите овие проекти ги резиларвме.

-Ги зголемивме платите на наставниците, здравството, во безбедноста и одбраната, се укина екстерното тестирање, укинавме радиотифузна такса, ја вративме ефтината електрична  енергија, рече Спасовски.

Тој рече дека владата предводена од СДСМ успешно ја менаџираше кризата за пандемијата.

-Бевме држава без собрание со вонредна состојба на државата и тогаш рековме врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните, да бидеме солидарни и да го направиме се во заедништво. Обезбедивме шест пакети на пддршка, дадовме помош од 62 милијарди денари на компаниите и граѓаните. Спасивме околу 100.000 работни места, обезбедивме финансиска подршка на турзмот, пензионерите, државата буквално не застана, за нас граѓаните секогаше се приоритет, посочи Спасовски.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank