ДАЛИ НАМЕСТО ДОЛАРОТ, БИТКОИНОТ ЌЕ СТАНЕ РЕЗЕРВНА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ ?

Биткоинот може да достигне цена од еден милион долари и да стане светска резервна валута, изјави менаџер за управување со капитал за CNBC.

Ентони Помпилјано, коосновач и партнер во „Morgan Creek Digital Assets“, вели дека биткоинот може да достигне половина милион долари до крајот на деценијата.

Мислам дека биткоинот конечно ќе прерасне во светска резервна валута. „Мислам дека ќе вреди повеќе од пазарната капитализација на златото“, рече Помпи Pано во еден подкаст на CNBC.

Но, банката JPMorgan предупредува на ризици во случај да продолжи растот на таа криптовалута.

Имено, пред неколку дена, биткоинот за прв пат ја надмина границата од 50.000 долари.