Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош

Олеснување на комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домaшаните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош за чија изработка е објавен јавен повик.

На јавниот повик, кој ќе трае до 20 септември, право да аплицираат имаат трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, да се со мнозинска македонска сопственост (со 50,1 отсто или повеќе) и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискални години.

-Кои  се условите, каде се аплицира, како се аплицира, кои документи се потребни, која институција е надлежна, што се постои како услов за државна помош и слично се само дел од прашањата кои овој дигитален асистент ќе ги одговара, рече на денешната презентација на јавниот повик вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Дигиталниот асистент, нагласи, треба да е способен за брзо учење, да озвозможи коминикација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.

-Тој ќе ги дава сите потребни информации помош за мерките и помош од планот за економски раст, кој само за потсетување, е иструмент за поддршка на развојот на домашните и странските компании во насока на изедначување на критериумите и условите за добивање државна помош за сите компании, независно дали се домашни или странски, микро мали, средни или големи, нагласи Битиќи додавајќи дека на овој начин ќе се зголемува бројката на компании кои добиле помош и поддршка. Во таа насока, тој потсети дека само во три години 900 компании од земјава добиле поддршка преку планот за економски раст.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, истакна дека Фондот преку овој проект првпат се вклучува во дигитализација на процестите во Владата на Република Северна Македонија.

-Сигурен сум дека ова е само почеток на многу нови иницијативи со кои ќе им овозможиме на гражаните но и компаниите полесна комуникација со инститициите на Владата, рече Петров.

Отворањето на овој предизвик, додаде ќе биде сериозне исчекор  во однос на технолошкото унапредување но и показател дека во државата има компании кои можат да понудат реенија поддеднакво квалитетни како светските

Имплементацијата на проектот може да биде во времетраење од вкупно 24 месеци, 12 месеци за развој и имплементација и 12 месеци за одржување и надградба. Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до шест месеци. За финансирање на проектот во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од девет милиони денари.

Главните критериуми за оценување на предлог проектите се, како што појасни Петров, се степенот на иновативност, капацитетот на проектниот тим, квалитетот на проектот, потенцијалот за имплементација односно пазарниот потенцијал, како и влијанието. Комисијата за оценување и избор е составена од двајца  претставници од партнерската институција, двајца експерти во областа на предизвикот, како и еден претставник на ФИТР.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank