Заев: Првата мерка од петтиот пакет за поддршка за плати е 1,920 милијарди денари со опфат на околу 60000 работници месечно

Финансиската поддршка, како што посочува, ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании, во зависност од падот на приходите на компанијата.

– Продолжуваме да го стимулираме развојот на компаниите. Имаме сериозни и чесни компании кои инвестираат, вработуваат, придонесуваат и ја ценат сопствената држава. Но, имаше и такви кои ги злоупотребуваа народните пари. Државата секогаш ќе стои на страната на оние кои работат чесно, согласно законот, вложуваат во нови инвестиции и сопствениот развој, во развојот на кадрите и на општеството, а силно ќе се бориме против злоупотреби и против сивата економија, вели Заев на Фејсбук.

Слични вести

Спорт