ФБИ објави доверлив документ: Нови информации за 11 септември

Американското Федерално Биро за Истраги, ФБИ објави нов доверлив документ кој носи нови информации за настанот што го шокираше целиот свет.

Во него се наведува дека имало логистичка поддршка за двајца киднапери од Саудиска Арабија за време на терористичките напади врз САД во 2011 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Во документот се наведува дека киднаперите имале контакти со граѓаните на Саудиска Арабија во САД, но не се дадени докази дека високи претставници на саудиската влада учествувале во заговорот. На денот на одбележувањето на 20-годишнината од нападот, ова е првиот документ од истрагата на ФБИ, објавен откако претседателот на САД, Џо Бајден, нареди да се отстрани ознаката „доверливо“ од материјалите што беа недостапни за јавноста со години.

Документот на 16 страници содржи разговор помеѓу оперативци на ФБИ и човек кој често контактирал со Саудијците во САД, кои им помогнале на првите киднапери да дојдат во Америка, пред нападот.

Минатата недела, Бајден нареди Министерството за правда и другите агенции да ја декласифицираат ревизијата и да ги објават документите што можат да бидат објавени во следните шест месеци. Тој се соочи со притисок од семејствата на жртвите, кои долго време бараа извештаи, додека водеа судска постапка во Њујорк, при што тврдат дека лидерите на саудиската влада ги поддржале киднаперите.

Редактираниот документ беше објавен синоќа, неколку часа откако Бајден присуствуваше на комеморативните собири во Њујорк, Пенсилванија и северна Вирџинија. Роднините на жртвите претходно се спротивставија на присуството на Бајден на комеморацијата, се додека документите се доверливи.

Саудиската влада долго време негираше каква било вмешаност во нападите, а нивната Амбасада во Вашингтон го поддржа целосно обелоденување на сите извештаи, со цел да се стави крај на „неоснованите обвинувања против таа земја еднаш засекогаш“.

Амбасадата додаде дека секое обвинување дека Саудиска Арабија е соучесник е „категорично невистинито“.

Од 19 киднапери, дури 15 биле државјани на Саудиска Арабија.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank