Триесет дена домашен притвор за насилниците кои предизвикаа инцидент во „Трибека“

Двајцата насилници кои ја започнале Трибека по барање на Обвинителството, добија 30 дневен домашен притвор.

Тие се осомничени за кривичното дело – насилство, а освен тоа, од Обвинителството велат дека тие во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите , започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект“, велат од Обвинителството.