(ФОТО) НАСА ги објави првите две фотографии од кратерот „Езеро“ на Марс

Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите две фотографии од кратерот „Езеро“ на Марс направени од роверот „Perseverance“, кој пред два дена слета на оваа планета.

Само 24 часа по слетувањето на роверот, НАСА објави фотографии кои јасно ја покажуваат површината на Марс.

„Ова е нешто што претходно не сме го виделе“,

соопштија од НАСА.
Роверот е опремен со 25 камери и два микрофона, а наскоро се очекува да биде објавена и првата аудио-снимка од Марс.

НАСА во моментов има три вселенски ровери на Марс, „InSight“, „Curiosity“ и „Perseverance“.

Вториот слета во кратерот „Езеро“ во четвртокот, а од него се очекувваат и најмногу од одговорите на вечните прашања – дали има живот на Црвената планета.

Кратерот „Езеро” е именуван во 2007 година, по малата општина во Босна и Херцеговина кај Јајце.

Меѓународната астрономска унија (IAU) донесе одлука за тоа име поради сличноста на местото каде што реката се влева во Пливското езеро кај локалитетот ада кај Језеро.