Што би се случило ако астронаутите се обидат да слетаат на Јупитер?

Најдобар начин да истражиме нов свет е ако астронаутите слетаат на него.

Затоа луѓето испратија вселенски летала на Месечината, Венера, Марс, месечината на Сатурн, Титан, и други планети.

Но, постојат неколку места во Сончевиот Систем што никогаш нема да ги разбереме, онака како што би сакале. Едно од тие места е Јупитер. Јупитер е направен претежно од водород и хелиум. Значи, ако астронаутите се обидат да слетаат на Јупитер, тоа би било како да се обидат на слетаат на облак тука, на Земјата. Нема надворешна кора што може да го „дочека“ слетувањето. Само бесконечна атмосфера.

Големото прашање е: Дали можете да пропаднете од едниот крај на Јупитер до другиот? Излегува дека не би стигнале ни на половина пат. Еве што би се случило ако се обидете да слетате на Јупитер.