Галичка свадба по пауза од една година

По пауза од една година поради ковид-пандемијата, викендов се одржува Галичката свадба на која годинашни невеста и зет се Катерина Илиевска и Филип Бундовсски.

Манифестацијата почна вчера со традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, а ќе заврши денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник. Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура.  

Организатор е Месната заедница „Галичник“ која на прес-конференција соопшти дека викендов во Галичник ќе има посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање околу локациите на настанот.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank