Последните часови на Балашевиќ:„Срцето му застана, докторите со часови плачеа…“

Веста за ненадејната смрт на Ѓорѓе Балашевиќ шокира многумина.
Само што се дознало дека боледува од пневмонија и дека завршил во болница, Балашевиќ почина овој петок во Клиничкиот центар на Војводина.
Срцето го издаде музичарот и дури сите напори на лекарите не можеле да му го спасат животот.
До четвртокот наутро, Балашевиќ бил релативно стабилен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести КЦВ, а планот на лекарот бил, како што дознава Курир, да го префрли на одделот за ковид на Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица.

Сепак, неговата состојба одеднаш се влошила и тој бил интубиран на Клиниката за инфективни болести. Но, штом го ставиле на апарати за дишење, срцевиот ритам паднал под 50 отчукувања во минута.

„Лекарите веднаш му вградија пејсмејкер, но за жал по половина час срцето застана. Се обидуваа ча и половина да го реанимираат. Правеа електрошокови, дадоа адреналин, се обидоа да го спасат и плачеа додека се бореа за неговиот живот .. но немаше спас. Рамната линија не се помрдна. Иако на сите им беше јасно дека го изгубија, тие не се предадоа. Додаваа и додаваа адреналин, но на крајот мораа да запрат. Тие плачеа со часови после тоа“, рекол неименуваниот извор за Курир.