По бројните критики, Џастин Тимберлејк ѝ упати извинување на Бритни Спирс: Јавно призна колку грешел

По емитување на документарецот „Framing Britney Spears“, чија првобитна замисла била да се осветли движењето #FreeBritney кое се залага за укинување на старателството кое таткото на Бритни го има над пејачката, јавноста сепак е фокусирана на нејзината врска со Џастин Тимберлејк.

Многу корисници на социјалните мрежи бараа од поп ѕвездата да ѝ се извини на Бритни поради начинот на кој ја третирал додека биле во врска во 2000-те години, што тоа и го направил.

Имено, Џастин се огласил на Инстаграм и ѝ го упатил очекуваното извинување на Бритни.https://www.instagram.com/p/CLMxYbGhTno/embed/captioned/?cr=1&v=13&wp=1042&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F368111%2Fedit#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A502.954999999929%2C%22ls%22%3A472.06499999992957%2C%22le%22%3A492.44999999973516%7D

„Ги видов пораките, таговите, коментарите и грижата и јас сакам да одговорам. Длабоко жалам поради времето во мојот живот кога моите постапки придонесоа за проблеми, кога зборував како што не треба или не зборував за она што е исправно. Разбирам дека потфрлив во тие моменти и во многу други и имав корист од системот кој поддржува мизогинија и расизам“, започнал пејачот.

„Особено сакам да им се извинам на Бритни Спирс и Џенет Џексон, и на двете посебно, затоа што се грижам за тие жени и ги почитувам и знам дека потфрлив“, напишал Тимберлејк и додал:

„Оваа индустрија е полна со маани. Ги поставува мажите, особено белите мажи, во позиција да успеат. Дизајнирана е на тој начин. Како маж во привилегирана позиција, морам да зборувам за тоа. Поради моето незнаење, не го препознав сето тоа во моментот кога ми се случуваше во животот, но јас не сакам никогаш повеќе да просперирам поради други кои се повлечени надолу. Се грижам за добрата состојба на луѓето кои ги сакам и кои сум ги сакал. Можам да бидам подобар и ќе бидам подобар“.

По ваквата објава следеле бројни коментари за поддршка, но Бритни сè уште се нема огласено.