Илиевски: Доаѓам од приватен сектор и знам како да се работи во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски во изборната дебата на ТВ21 посочи дека тие ја имаат најдобрата понуда за граѓаните на Куманово.

-Куманово е една од најголемите општини во државата и секако дека Куманово како град има многу комунални проблеми кои треба да се решаваат во иднина. Инаку, јас доаѓам, односно цел живот сум работел во приватен сектор и затоа знам и како се работи, и со која динамика треба да се работи се со цел да ги решиме проблемите на граѓаните. Ние ја имаме најдобрата понуда за граѓаните, односно најбогатата програма која може некој да ја понуди затоа што оваа програма ја пишувавме веќе една година, истакна Илиевски.

blank
blank
blank