Затворен угостителски објект во Црешево, приведени 32 лица

На 18.02.2021 во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ковид-19. При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И.(56) од с.Булачани, скопско.
Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.