За два дена вакцинирани 453 здравствени работници, онлајн се пријавени над 58 000 граѓани

Шесте пунктови кои почнаа со работа во средата ќе работат двосменски и утре, па потоа процесот на имунизација ќе продолжи од понеделник

За два дена во пунктовите за вакцинација во Модуларната болница во Клинички центар се вакцинирани 453 здравствени работници од ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. 

Шесте пунктови кои почнаа со работа во средата ќе работат двосменски и утре, па потоа процесот на имунизација ќе продолжи од понеделник.

Вакцинација е со дози на „Фајзер“, кои минатиот викенд пристигнаа како донација од Србија. 

Кон крајот на месецов се очекуваат да стигнат и 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а преку КОВАКС се резервирани 833 000 дози вакцини. 

Од оваа вакцина за наѓата земја се предвидени помеѓу 103 200 и 175 200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Според најавите првите вакцини кои ќе пристигнат од Ковакс ќе бидат од производителот „Астра Зенека“. 

Во меѓувреме, тече и пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. 

Досега на веб страницата 58 500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар се пријавиле 32 917 граѓани над 70 годишна возраст.