249 санкционирани пешаци, најмногу за небезбедно преминување на улица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на целата држава вчера беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 249 мерки, меѓу кои 166 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 46 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 18 за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, 14 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз.
За време на контролата регистрирани се и 155 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични вести

Спорт