Заев: „Имаме раст на минималната и просечната плата за 6.000 денари во последните 4 години“

Позитивните чекори кои донесоа подобар економски стандард, пропратени со низата одлучни, интегративни и прогресивни политики од Владата предводена од СДСМ резултираа со задоволни граѓани од владеењето на социјал-демократскиот сојуз.

Премиерот Зоран Заев денес од Дебар потенцираше и уште еднаш потсети дека пред само четири години минималната плата изнесуваше 9.000 денари, а денес изнесува 15.284 денари. Просечната плата пак, од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари.

„И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Денеска Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот.“ – изјави Заев.

Премиерот се осврна, исто така и на инвестициските капацитети кои се отворија ширум земјата. Откри дека во моментов се преговара со 30 нови компании кои треба да отворат 15.000 работини места за граѓаните.

Стапката на невработеност беше исто така една од темите на кои посочи премиерот. Фактот што невработеноста е намалена од 26, на 16 проценти доволно зборува за посветеноста за да се спречи одливот на работна сила од државата и е доказ за напорната работа на оваа Влада младите да се задржат во својата татковина.