Министерот Спасовски во официјална посета на Подгорица, Црна Гора

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до 3 јули 2021 година е во официјална посета на Подгорица, Црна Гора. Во рамки на посетата министерот Спасовски во текот на денешниот ден ќе оствари билатералната средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, а на 2 јули ќе учествува на Регионалниот форум на министри во рамки на МАРРИ – Регионална иницијатива за миграции, азил и бегалци.