Кои се разликите меѓу политичките партии за измени на Изборниот законик

Песимизам и околу новите преговори за измена и дополнување на Изборниот законик. Премиерот Заев вели дека без консензус не можат да се направат измени и додава дека досега тој никогаш не бил во можност да постигне договор со Мицкоски.

Некои од барањата на опозицијата, според Заев, како што е избор на градоначалници во еден изборен круг, е неизводливо. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е има аргументи за сите идеи што се на маса.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјавува дека им го доверил ова прашање на експертите. Тој вели дека ако нема консензус, промените нема да бидат направени.

„Без политички консензус, не може да се постигне договор за измена на Изборниот законик, бидејќи постојат разлики што постојат меѓу политичките партии. Ако нема консензус, останува истиот Закон“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат отворени листи и осум изборни единици за кои велат дека ќе биде согласно зајакнувањето на гласот на Албанците.

„Остануваме на позицијата за промена на изборниот систем од пропорционален, во отворени листи, исто така, за локалните избори, но и за парламентарните. Нашиот познат став е во промена на изборните единици од шест во осум изборни единици врз основа на областите за регионален развој. Нашите пратеници ќе подготват конкретни ставови за да го поткрепат нашето барање”, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Дебатата за Изборниот законик е во тек. Последните преговори се одржаа во 2019 година, но не успеаа. Политичките партии не успеаја да се договорат за тоа како да ги изберат членовите на ДИК, за изборниот модел и за гласањето во дијаспората.