Брнз: Попис треба да има, изборите не се решение!

Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки.

Треба да се направи попис. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст, рече вечерва американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Advertisement –

– Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата. Тоа има критична функција. Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки – истакна амбасадорката во „Само вистина“ на Канал 5.

Слични вести

Спорт