Нелегални таксисти фатени на регионалниот пат Охрид-Струга

На 18.02.2021 Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, реализира акциска контрола кон такси превозници кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на регионалниот пат Охрид-Струга, во нелегален такси превоз, без соодветна лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, затекнати се А.П.(53) од Струга кој, превезувал патници со своето возило „сеат“, со струшки регистарски ознаки, како и А.П.(30) од Струга, кој со својето возило „мерцедес“ вршел нелегален такси превоз на патници на релацијата Охрид-Струга. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.