(ВИДЕО) Шекеринска: Да се преброиме, ќе ја подмладиме и одбраната

Со вистинските податоци ќе можеме да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме на тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија
Да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики што ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество. Пописот ќе помогне во вработувањето на младите во одбраната и во развојот на системот за кризен менаџмент. вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видеообраќање до граѓаните.

„Со вистинските податоци ќе можеме подобро да ја подмладиме и одбраната. Да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија. Овие статистички податоци се клучни и за да развиеме подобар систем за кризен менаџмент. Пребројувањето и пописот, на пример, ќе ни кажат колку пожарникари треба да има во секоја од вашите средини. Да знаеме колку се потребни во секој град, во секоја општина. Само знаејќи колку сме, можеме да организираме систем кој ќе биде секогаш пополнет и подготвен да ви помогне вам, на вашите семејства, на вашите соседи“,

вели министерката Шекеринска.