ЦУК со апел за превентивни мерки заради најавите за невреме

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати укажување и апел за превентивни мерки заради најавите за невреме и поројни врнежи, силен ветер, грмежи и електрични празнења во наредниот неколкудневен период. Покрај потребата за превенција од страна на надлежните, ЦУК апелира и за лично превентивно однесување за време и потоа во одредени локални региони. Притоа од граѓаните се бара да не се движат покрај речни корита и суводолици заради можни брзи и ненадејни порои, да не престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност, односно да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, наведува ЦУК.

Вчера од удар на гром на плажа во близина на Градиште во Охрид четири лица се здобија со изгореници, додека девет претрпеле шок или проблеми со слухот, соопшти охридската полиција.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank