Маричиќ: Неопходен е Закон за воена и вонредна состојба

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето наконференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, се осврна на потребата од носењето напосебен Закон за воена и вонредна состојба. Министероткажа дека глобалната пандемија претставува сериозназакана и за демократските вредности и човековите права.

– Најзначајните прашања кои треба да се уредат возаконот се начинот на прогласување на вонреднатасостојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот науредбите, односно допрецизирање – што треба, а што нетреба да биде предмет на владините уредби, потенцирашеМаричиќ.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од еминентни експерти и академската заедница, кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба. Маричиќ истакна и дека Министерството за правда изработило и Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

Според министерот при регулирањето на ова прашање, потребно е да се земат предвид компаративната анализана законодавството на земјите од регионот и другитедржави членки на Европската унија, Анализата наМинистерството за правда и искуствата од другитедржавни институции, академската заедница, како и граѓанскиот сектор.