Две години од тешката несреќа кај Ласкарци – Таравари: Судска разрешница во хибритен режим тешко

13 февруари 2019 година е кобен ден за 51 патници на автобусот „Дурмо турс“ на релација Скопје-Гостивар.

Околу 17 часот со се уште не утврдени причини се преврте автобусот на автопатот Тетово-Скопје во близина на село Ласкарци. Автобусот ја загуби контролата и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. 16 од патниците ги загубија животите, а 35 од нив поминаа со тешки повреди.

„Во хибридни режими има само разврска на сучаеви каде се украдени 10 ќебапчиња или ако на пазар е нешто украдено или ако има поткуп од 1000-2000-3000 денари е таму има судска разрешница веднаш. Но за вакви случаеви посебно кога има сомнеж дека сопственици на компанија се дел од партиите на власт. Тука има сомнение дека сопствениците односно можно е дека се акцонери некои членови на ДУИ нема да има разрешница додека не се смени власта“, истакна Арбен Таравари.

„Сакаме да испратиме до сите надлежни институции да презвемат мерки да вакви трагедии уште еднаш да не ни се случат во оваа држава. И да ги сензибилизираме сите учесници во собраќајот“, посочи Замир Мустафи.

Две години по несреќата се води судски процес во кој се обвинети шест лица и се уште трае утврдување на одговорноста и околностите кои доведоа до трагедијата. Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело. Судскиот процес се води пред Основниот кривичен суд во Скопје и се наоѓа во доказна постапка, а очекувањата се дека наредниот месец тој ќе влезе во завршна фаза.