Спасовски од Пробиштип: Денес битка над сите битки е да се справиме со криминалот и корупцијата, да обезбедиме имаме правда до крај и правда за секого

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип истакна дека во изминатиот период во областа на правдата е направено многу, но не е се довршено, ќе мора уште многу повеќе да се работи се исчисти тој троскот од судовите и обвинителствата.


Не можеме да очекуваме праведно судење, од судии од тефтерчето или од обвинители кои беа слуги на режимот, затоа мора да има прочистување, ако сакаме да имаме правда до крај и правда за секого, нагласи Спасовски.

Тој порача дека секој ќе мора да сноси одговорност зашто интересот на граѓаните е број еден затоа што сме земале обврска да им служиме на граѓаните, да служиме на народот затоа е важно да направиме се и да ја сузбиеме корупцијата, бидејќи таа ја јаде економијата, фирмите ги јаде работните места.


Тоа е приоритет број еден во битката што ни претстои, денес битка над сите битки е да се справиме со криминалот и корупцијата и ќе бидеме максимално посветени на тоа во наредниот период, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank