ФИЛИПЧЕ: РАСТЕ БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ СОЈ НА КОВИД 19, БУДНО СЕ СЛЕДИ И СОСТОЈБАТА ВО КАВАДАРЦИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во обиколка на велешката модуларна болница.

Тој информираше дека досега се вакцинирани над 600 здравствени работници, но и дека новиот сој на ковид 19 брзо се шири во земјава, за состојбата во кавадарци тој изјави дека растот на бројката е и поради не почитување на мерките, односно од забави и групирања, но случаите се анализираат, се со цел да се дознае дали се носители на британскиот сој.

Според Филипче, засега не се потребни нови рестрективни мерки, состојбата е под контрола