Спасовски: Рехабилитација на регионалниот пат Крупиште-Пробиштип ја подобрува безбедноста на сообраќајот на патиштата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на промоцијата на рехабилитација на регионален пат Пробиштип-Крупиште, при што на својата Фејсбук страна информираше:

Заедно со премиерот Заев, вицепремиерот Николовски и министерот Бочварски присуствувавме на промоцијата на рехабилитација на регионалниот пат Крупиште-Пробиштип, во должина од 18км.

Граѓаните од овој регион денес имаат современ пат кој го поврзува експресниот пат Штип-Кочани, со што се олеснува комуникацијата меѓу градовите, како и работата на компаниите, странски и домашни, во регионот на Пробиштип и Злетово.

Вложуваме во капитални инфраструктурни проекти со цел унапредување на економијата, но и подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и помалку жртви во сообраќајот.
blank

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank