Позитивна трансформација, 7 милиони евра инвестирани во Волково за четири години

Скопското село Волково во општина Ѓорче Петров во последните четири доживува позитивна трансформација.

Преку инвестиции од централната и локалната власт, се реализираат бројни проекти кои го менуваат животот на граѓаните од ова населено место.

blank

Во Волково во изминатите четири години се инвестирани над седум милиони евра во развојни и капитални проекти.

За првпат по 60 години се изгради спортска сала во училиштето „Јоаким Крчовски“ каде над 400 ученици конечно ќе можат на соодветен начин да ги практикуваат часовите по физичко образование.

Волково за првпат добива детска градинка со капацитет 175 деца, со што се решава еден децеински проблем на родителите од ова населено место. За многумина детската градника во Волково претставува најмодерна детска градинка во државата.

Сообраќајниот хаос се реши со поставување на кружен тек, а веќе и да нема останат улица која не е асфалтирана или поплочена, нешто што беше сериозен проблем за граѓаните во минатото.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров изрази задоволство што заедно со својот тим успеал во Волково да реализира бројни проекти за неговите сограѓани.

blank

„Кога ја презедовме општината евидентна беше нееднаквоста меѓу урбаниот и руралниот дел од Ѓорче Петров. Освен тоа што таму со децении не се инвестирало, немаше ниту планови за иден развој. Заедно со мојот тим и со поддршка од централната власт се посветивме во планирање и реализација на важни капитални проекти. Го решивме проблемот со канализацијата, изградивме кружен тек на сред село, а патот кон Кучково го проширивме. Во Волково постојано се работеше на асфалтирање и поплочување на калливите и раскопани улици. Преку соработка со централната власт изградивме нова спортска сала а следните месеци ќе заврши и изградбата на првата детска градинка која е најмодерна на овие простори. Се на се, инвестирани се над 7 милиони евра во Волково за овие четири години и можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото, задоволен што успеваме да го подобриме животот на граѓаните кои живеат таму и ќе продолжиме да инвестираме и понатму“ изјави Наумоски.

Слични вести

Спорт

blank
blank
blank
blank